Веселин Марешки е претседател на партијата Воља и во моментот ја обавува функцијата заменик-претседател на бугарското Собрание. Тој вчера имаше гостување во популарната телевизиска емисија Лице во лице со Цветанка Ризова на националната телевизија БТВ.
Во врска со случајот и сегашните односи меѓу Бугарија и Македонија, заменик-претседателот на бугарското собрание излезе со крајно проблематично решение. Кое дури може да се третира и како пројавување територијални претензии кон соседна држава на Бугарија, а тоа во конкретниот случај е Македонија.
Еве што изјави Марешки во гостувањето на БТВ:
Предлагам да се обединиме Бугарите од двете страни на границата. Тоа го сакаат сите обични Бугари. Сега засега Борисов како поискусен и повозрасен да си остане премиер а Заев дадојде и да стане вицепремиер,. Борисов порано или подоцна ќе се откаже од функцијата премиер а Заев можеда стане премиер на обединета или голема Бугарија, како ќе решиме да ја наречеме.
Comments are closed for this post.