Унгарија планира да вложи политичко вето на буџетот на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година, поради предлогот за поврзување на распредлебба на средствата од ЕУ фондовите со владеењето на правото според процените на бирократите во Брисел, а таков потег најави и Полска, која исто така е во конфликт со челниците на Унијата.

Конзервативната влада на унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе со години е во конфронтација со естаблишментот во Брисел кој ја обвинува за наводно кршење на демократските стандарди. Унгарија и Полска се под истрага на ЕУ поради наводното „поткопување на независноста на судовите, медиумите и невладините организации“.

За можноста Будимпешта да стави вето, најави во понеделникот интернет ресурсот portfolio.hu. Двете земји, како и другите членки на ЕУ, можат да стават вето на усвојувањето на повеќегодишната финансиска рамка, но се смета дека тоа би им наштетило и на нив како држави кои примеле наводно најмногу европски средства и каде наводност владејачките партии често зависат од европските субвенции.

Европската народна партија (EPP), ја суспендира партијата Фидез на Орбан, а Европскиот парламент покрена постапка за суспендирање на нејзиното право на глас во ЕУ проади наводните „демократски недостатоци“. Унгарскиот лидер, кој гради ткн „нелиберална демократија“, ги отфрли обвинувањата за наводното поткопување на демократските стандарди во неговата земја и го обвини Брисел за двојни стандарди, порачувајќи дека на другите земји во ЕУ им се дозволува да носат мерки коишто ѝ се забрануваат на Унгарија.

Реурсот Portfolio извести дека германското претседателство со ЕУ побарало од земјите членки подоцна во поенделникто да го изразат својот политички став за условување на доделувањето на средствата од ЕУ фондовите со состојбата на владеењето на правот, како и дека унгарската влада ќе вложи вето и на буџетот на ЕУ и на фондот за закрепнување од коронакризата.

Во меѓувреме, агенцијата Reuters наведе дека сѐ уште не успеала да ја провери оваа информација. Од министерството за надворешни работи и порптаролот на владата во Будимпешта, не одговорител засега на барањето да ја коментираат оваа информација.

Полскиот министер за правосудство, Збигњев Зјобро, изјави во понеделникот дека Варшава би требало да вложи вето на обидите за поврзување на владеењето на правото според аршините на Брисел со доделувањето на парите од фондовите на ЕУ.

Сега е решавачкиот момент… во кој Полска може да вложи вето… како корисно средство со коешто ќе го блокира политичкиот проект осмислен за да се ограничи суверенитетот на Полска“, изјави Зјобро.

Убеден сум дека како и (унгарскиот) премиерот Орбан, и (полскиот премиер Матеуш)-Моравјецки ќе го искористи тоа право“, изјави полскиоt министер за правосудство.

Медиумите во двете земји истакнуваат дека и Моравјецки и Орбан веќе испратиле писма до институциите на ЕУ во кои се најавува ветото.