Состанок на Мицкоски со партиите за коалицијата за обнова на Македонија на тема актуелните случување во односите помеѓу Македонија и Бугарија.
Денеска (16.11.2020) во 17:00 часот во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во Палатата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со раководството на партијата ќе одржи средба со претседателите и преставниците на партиите од коалицијата „Обнова на Македонија”.
На средбата ќе се разговара за преговорите со Бугарија и можната блокада на патот на европските интеграции. Ќе се носи заклучок кој ќе содржи јасни ставови во однос на преговорите со Бугарија и клучните прашања врзани со јазикот, историјата, идентитетот, положбата на македонското малцинство.
Оваа средба доаѓа откако премиерот Заев буквално ја исклучи јавноста и опозицијата од било каков процес на разговори и без национален консезус на ваквите стратешки прашања. Сите општествени фактори од државава не се во тек со разговорите кои се однесуваат за европските интеграции, и посебноста на македонскиот јазик и нацијата.
Comments are closed for this post.