Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, кој и самиот го прележал коронавирусот, денеска изјави дека градот треба целосно да се затвори на две до три недели за да се сузбие ширењето на заразата, бидејќи повеќето од половина од случаите во Турција се регистрирани токму во Истанбул.
Градоначалникот изјавил дека епидемијата во моментов е надвор од контрола и дека целосното затворање е совет на Научниот совет на градот, по што би следело контролирано отворање. Тој вели дека ќе го прифати нивниот совет.
Comments are closed for this post.