В понеделник ќе биде објавена мерката со која ќе им се врати туристичката такса од лани (2019 година) на оние што ѝ ја уплатиле на државата, што е дел од серијата други мерки за помош на туризмот, како еден од секторите кои беа најпогодени од пандемијата.
„Точно е дека согласно уредбата која беше усвоена во јуни предвидено е да се поддржат сите компании што се занимаваат со производство, трговија и од ИТ-секторот и дека комисијата не ги утврдила инвестициите од компаниите кои имале други шифри на дејност. На пример, во делот на хотелиерството има еден куп хотели во нашата држава и приватни сместувачки капацитети кои аплицирале за оваа мерка, но секако дека сме ги изоставиле и сме ги помогнале со други мерки, како што се издавањето на ваучерите. Сега и во понеделник ќе ја објавиме и мерката за враќање на туристичката такса од 2019 година и лепеза други мерки за еден од секторите кои беа најпогодени од пандемијата, најави министерот за економија Крешник Бектеши.
Comments are closed for this post.