Се бришат спорните одредби од членот 143 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, чија ефективна примена се закануваше да предизвика медиумски мрак, и поради кој, веќе подолг период наназа нацаионалните телевизии и кабелските оператори беа во жесток конфликт.
Во изминатите години имаше многу меѓусебни обвинувања помеѓу радиодифузерите и операторите дека во аудиовизуелниот сектор во Република Северна Македонија пиратеријата е честа појава. Оттаму, со Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше соодветно изменет членот 143, со кој се доуреди начинот на кој радиодифузерите и операторите ќе постапуваат во однос на странските програмски сервиси и почитувањето на авторските и сродните права. Поради недоразбирањата помеѓу радиодифузерите и операторите, но и поради невршењето на избор на нови членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од страна на Комисијата за вршење на избори и именувања на Собранието, примената на овој член беше два пати одлагана. Оттука, на 16.02.2020 година беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што конечно влезе во примена член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што регулаторот беше должен да ги донесе соодветните подзаконски акти во законски утврдениот рок. По донесувањето на подзаконските акти, недоразбирањата помеѓу радиодифузерите и операторите ескалираа на штета на граѓаните на тој начин што постои повторна реална опасност за прекин на испорака на аудиовизуелни медиумски услуги. Имајќи на предвид оваа состојба, како и фактот што Законот за авторското право и сродните права ја регулира оваа област, се наметна потребата од оваа измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, се вели во владиното образложение.
Оттму посочуваат дека основна цел на овој предлог закон е усогласување на обврските на радиодифузерите и операторите во делот на авторските права за емитување или реемитување на програмски сервиси од странски радиодифузери со предметот на уредување утврден со Законот за авторското право и сродните права, односно доследна имплементација и почитување на одредбите од областа на авторските права од страна на сите засегнати чинители во оваа област, без дополнителна регулација во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Согласно член 170 од Деловникот на Собранието, од причина што не се работи за сложен и обемен закон, се предлага да се донесе по скратена постапка“, се вели во образложението.
Еве од што се состои законската измена.
Во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) во членот 143 ставовите (3) и (4) се бришат. Ставовите (5), (6), (7) и (8) стануваат ставови (3), (4), (5) и (6).“, се вели во предложениот закон.
Comments are closed for this post.