Не би коментирале повеќе од она што до сега беше соопштено во јавноста. Тоа за нас е веќе затворено прашање и ние се фокусираме на иднината.
Ова е одговорот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прашањето на Пресинг Тв колку се точни тврдењата на Самоил Малчески дека со последните исклучувања фактички бил спречен пуч во партијата.
Малчески во гостување на Топ тема на телевизија Телма рече дека од членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ добил информации оти исклучените Митко Јанчев, Сашо Мијалков, Никола Тодоров и останатите сакале да направат пуч во партијата.
Според него, исклучените сопартијци сакале насилно да ја преземат партијата, но актуелното раководство ги пресретнало нивните обиди и тоа го спречило.
Comments are closed for this post.