Како се наближуваат изборите за градоначалници во Штип и Пласница така се зголемува загриженоста во опозицијата дека сега не е време за избори.Во овие моменти кога дневно имаме по илјада зарезени и дваестина починати единствено на што треба да се мисли е здравјето на луѓето, а не на гласање.
Тоа јасно го посочија ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и Глас за Македонија. Не е исклучено во следниот кон ова барање да се приклучи уште некоја партија. Се чини дека СДСМ останува сама да го загрози здравјето на луѓето бидејќи за нив очигледно е дека власта е поважна од здравјето на граѓаните.
Ова не е првпат СДСМ да инсистира на избори во време кога се бројат мртви и заразени и кога сме лидери во регионот и Европа.
Истиот став Заев и СДСМ го имаа и за парламентраните избори. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ бараше тие да се одложат но СДСМ инсистираше да се одржат среде лето кога тогаш имаше рекородно број на заразени и кога граѓаните и не помислуваат да излезат на гласање.
Од Алијансата на Албанците имаат исправен став дека мандатот на актутелниот в.д градоначалник треба да се продолжи за уште нецела година до редовните избори а парите за организирање на изборите да се потрошат за лекови.
ВМРО-ДПМНЕ исто така смета дека треба да се одложат, се до обезбедување на пристојни и нормални услови.
Comments are closed for this post.