Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на општина Карпош го исклучи поранешниот министер за здравство од партијата. Претходно општинскиот комитет на Центар го исклучи и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Ова доаѓа откако во понеделникот вечерта Централниот комитет донесе едногласна одлука двајцата да бидат исклучени.

Тодоров во текот на вчерашниот ден побара неговите сега веќе поранешни сопартијци да го повикаат на состанокот и да му ги презентираат фактите, а тој да ги каже своите аргументи.

Според информациите од ОК  Карпош, Тодоров  бил повикан на состанокот, бил ислушан од дисципланската комисија и по расправата бил исклучен од партијата.

Претходно бил разрешен и поранешниот прв човек на УБК од страна на ОК Центар, но како што информираат партиски извори тој не присуствувал на состанокот.

Се утврдува дека постои дисциплинска одговорност-дисциплинска мерка: исклучување од Партијата ВМРО-ДПМНЕ на лицето Сашо Мијалов согласно Статутот Член 15, став 1 и член 16 Став 1, алинеја 4 каде е утврдено дека лицето Сашо Мијалов на груб начин дејствува против програмските определби, целите и задачите на партијата, стои во одлуката на Дисциплинската комисија на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.