Kоронавирусот, кој зема сѐ поголем замав ги затвори судовите во градовите Круја и Драч, а до следниот четврток е затворен и судот во Тирана, известуваат во средата албанските медиуми.
Ширењето на заразата ги затвори и детските градинки во неколку градови, заразени лица има и во општинските администрации, во наставниот кадар во училиштата, па дури и во владата и парламентот.
И во средата е забележан нов негативен рекорд на дневно ниво на бројките на новозаразени, но и на хоспитализирани со Covid-19.
Продолжува трендот на високи бројки на новоразарени. Во последните 24 часа тестирани се 1.725 сомнителни случаи, а опасниот вирус е дијагностциран кај 23 отсто од нив или 396 што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие досега. Истовремено, во списокот на оздравени се внесени 105 лица, додека починаа четворица пациенти“, соопшти министертвото за здравство и социјална политика.
Се додава дека расте и бројот на оние на кои им е потребно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници хоспитализирани се 338 лица.
Дсега во Aлбанија се направени 131.547 тестови, позитивен резултат е добиен кај 22.300 , оздравеле 11.578, додека понале 536 лица.
Од ресорното министертво најавуваат зголемување на бројот на тестирањата на дневно ниво, а премиерот Еди Рама во вторникот најави дека набрзо ќе бидат набавени и брзи тестови.
Comments are closed for this post.