Дроновите што ја нападнаа руската воздухопловна база, Хмејмин, во Сирија ги управувал американскиот воен извиднички авион „Посејдон-8“, изјави заменик министерот за одбрана на Русија, генерал-потполковник Александар Фомин на Форумот за безбедност во Кина.
Тринаесет дронови, раководении од една екипа, се движеа кон заедничка воена мета. За сето тоа време, американскиот извиднички авион Посејдон-8 осум часа патролираше во областа на Средоземно Море, рече Фомин.
Тој додаде дека „дроновите се префрлени на мануелно управување, откако наишле на контрамерки од рускиот систем”
Мануелното управување не го изведуваа некои селани, туку Посејдон-8 кој има модерна опрема. Тој ја презеде мануелната контрола, рече Фомин.
Руската база Хмејмин во Сирија од јануари годинава беше мета на неколку групни напади од дронови, а последниот беше во август.
Comments are closed for this post.