Додека австриските власти молчат за идентитетот на убиениот напаѓач кој синоќа го изврши терористичкиот напад во Виена, главниот уредник на виенското списание „Фалтер“, Флоријан Кленк, тврди дека станува збор за млад Виенец со албанско потекло од Македонија.

Неговото име е К.С, тој е роден во Виена во 2000 година, каде што пораснал. Тој има албанско потекло, а неговите родители се од Северна Македонија и немаат никаква врска со исламизмот, напиша на Твитер овој познат австриски истражувачки новинар.

 

Тој изјави дека младиот човек, кој уби четири лица и беше убиен од полицијата, бил познат на Контратерористичката служба (БВТ), бидејќи тој бил еден од 90-те австриски исламисти кои се обиделе да патуваат во Сирија.

Во јули, тврди Кленк, бил спречен да се обиде да замине на боиштата во Сирија.

Сепак, властите не веруваа дека тој може да ипланира терористички напад, додаде тој.

Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер утрово потврди дека убиениот терорист е симпатизер на Исламската држава, без да даде повеќе детали за неговиот идентитет.