Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, порача дека Македонија мора да изгради заеднички став и национални црвени линии наспроти меморандумот на Бугарија.
Треба остро да ја осудиме позицијата на официјална Софија истакната преку нивниот меморандум со којшто тие без никакво право се мешаат во националниот, јазичниот и уставниот идентитет на една соседна држава.
Сакам во среда да ја свикам Комисијата за надворешна политика. Очекувам да бидат присутни и претставниците од владејачкото мнозинство и сите заеднички да изградиме став дека бугарскиот меморандум е за осуда. Со таквиот став сметам дека ќе си го зачуваме своето достоинство, а исто така ќе ги подобриме и позициите на Република Македонија во македонско-бугарските односи.
Ние мора да покажеме цврстина и став и како Собрание да покажеме дека имаме црвени линии – вели Милошоски.
Comments are closed for this post.