Светските обложувалници даваат помала веројатност за победа на кандидатот на демократите Џо Бајден на утрешните претседателски избори во САД во однос на анкетите и проценките на специјализираните портали, а една од причините е што се земаат предвид влоговите, односно уплатата на играчите.
Според порталите специјализирани за американската политика, веројатноста дека Бајден ќе го победи Доналд Трамп на претседателските избори во САД, се движи меѓу 80 и 95 отсто.
За разлика од тоа, водечките светски обложувалници му даваат меѓу 62 и 69 отсто шанса на Бајден за победа, додека веројатноста дека Трамп ќе остане во Белата куќа е меѓу 32 и 40 проценти.
Странските портали кои ги предвидуваат шансите, за победа на Бајден даваат од 80 до 95 отсто веројатност.
Британскиот „Економист“ пресметал дека шансите на Бајден за победа се 95 отсто, а на Трамп пет проценти. Списанието го користи моделот кој ги комбинира истражувањата на ниво на САД и сојузните држави со економски индикатори.
Американскиот портал „ФајвТртиЕјт“ (FiveThirtyEight) е повоздржан, бидејќи врз основа на 40.000 симулации му дава на Бајден 89 отсто шанси за победа на изборите, а на Трамп 10 отсто. Слично проценува и американскиот портал „Риал Клиар Политикс“ (Real Clear Politics), кој го наведува просекот од најновите истражувања на јавното мислење.
Comments are closed for this post.