По цели 15 месњеци минати во притвор, Бојан Јовановски алијас Боки 13, вечерва ќе спие дома. Како што дознава Пресингтв, Апелацискиот суд донел одлука со која мерката притвор на Јовановски се менува во мерката домашен притвор и се очекува поладнево тој да го напушти истражниот затвор Скопје во Шутка.
Јовановски како првообвинет во случајот Рекет беше осуден на девет години затвор и обвинителството побара притворот да продолжи до правосилноста на пресудата. Третообвинетата Катица Јанева, поранешната шефица на екс-специјалното обвинителство, која е осудена на седум години затвор, мерката домашен притвор ја издржува во домот во Гевгелија. А, осудениот Зоран милевски-Кичеец, кој ја призна вината уште на стартот на судењето, од минатата недела се наоѓа на издржување на затворската казна во струшкиот затвор. Тој беше осуден на три години, а со оглед на неговиот престој во притвор и домашен притвор, треба да одлежи уште две ипол години.
Во меѓувреме, почна и вториот судски процес против Јовановски за предметот Меѓународен сојуз.
Поради лошата здравствена состојба, одбраната на Јовановски во неколку наврати побара замена на мерката притвор во домашен притвор. Но, се до сега, сите барања беа одбивани.
Здравствената состојба значително се влоши пред еден месец, кога мораше под итно да биде подложен на операција во болницата „8 Септември“. Поради болничкото лекаување во неколку наврати беа одложени и рочиштата за Меѓународен сојуз. Според последните информации, тој минатата недела мораше да биде префрлен и во старата градска болница.
Comments are closed for this post.