Колумбиските поморски сили фатија мини-подморница, која пренесувала два тона кокаин. Во акцијата се притворени три лица, државјани на Колумбија, Еквадор и Мексико. Тие објасниле дека наркотиците ги превезувале за картел во Мексико.
Операцијата е извршена во Тихиот Океан на околу 50 километри од колумбискиот брег.
Мини-подморницата биле следена и пренесена од воената морнарица до пристаниште во источниот дел на Колумбија.
Comments are closed for this post.