Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја доживуваат ново намалување за половина денар.
Согласно методологијата за утврдување на цените, од вечерва на полноќ литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 58,50 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари по литар гориво. Цената на литар Еуродизел останува 50,50 денари.
Од Регулаторната комисија истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензините во просек за околу 2,374%, додека кај дизелот намалување во просек за околу 1,499%.
Comments are closed for this post.