Српската премиерка Ана Брнабиќ синоќа беше гостин во една емисија на РТС, каде зборуваше за плановите за нова влада.

Но, покрај тоа, таа зборуваше и за состојбата со коронавирусот во таа земја, пренесува Блиц.

Ја следиме состојбата на секои два часа. Вечерва веќе имавме повеќе од 400 новозаболени лица. Горан Стевановиќ рече дека немаат поголема толпа, но има многу луѓе со потешки симптоми”, рече таа.

Да потсетиме, Србија денеска имала 326 заразени лица од 7242 тестирани. Две лица починале.

Денеска имало 25 лица на респиратори низ целата земја.