Требаше ли да ни се случи корона вирусот за да отвориме очи и да видиме во колку очајна состојба ни е образовниот систем? Велат подобро некогаш отколку никогаш, ама страшно е тоа што власта со своето неодговорно и дезоиентирано владеење продолжува да го „дотепува“ системот што ја гради иднината на земјава, изјави на денешната прес конференција Сергеј Попов, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
-Имено, со ребалансот на буџетот власта крати 21 милион евра од ставките за образование, реконструкција и изградба на студентски домови од буџетот првично предвиден за 2020-та година. Зарем тоа е најлесниот начин? Зарем немаше место за кратење кај луксузот за власта? Пред еден месец констатиравме дека над 40 илјади ученици немаат компјутер и дека нема да можат да следат онлајн настава. Нормално, за тоа нема пари, па само од парите наменети за развој на образованиот систем на основците се кратат пет милиони евра, а во средното образование 2,2 милиони евра, вели тој.
-Размислува ли некој од предлагачите дека со ваквиот ваквиот ребаланс продолжува урнисувањето на и онака кревкиот образовен систем? Наместо да се зголеми издвојувањето за опремување на секој ученик и за унапредување на неговиот образовен систем, се крати и она што власта сама го предлагаше со буџетот за оваа година.Колку само гласно повторуваат од власта, дека државата вложува во човечки капитал, дека школува кадри какви што побарува пазарот на труд, ама очигледно само за демагогија пред народот. Кога треба да се изградат објектите на Финки и на ФФК, нема пари. Отидоа дотаму што ги скратија и претходно планираните средства за оваа намена. И не е само за овие два факултети кои се вечни потстанари, туку и генерално за високото образование. Минусирани се цели, 11,6 милиони евра наменети за функционално образование какво што заслужуваат идните академски граѓани. Ако ништо друго власта можеше да се сети дека сега е шанса за реконструкција на студентските домови. Но, тоа за нив не е приоритет, имаат многу сопствени луксузни приоритети. И токму затоа одлучија да ги скратат парите наменети за оваа намена, посочи Попов.
-Едновремено, власта државата планира да ја „спасува“ и со кратење на буџетот на Агенцијата за млади и спорт, за 900 илјади евра од спортски објекти и дополнителни 400 илјади од програмата за млади.
Почитувани граѓани, доста ни е од демагогија и манипулација со животот и перспективите на младите во Република Македонија. Од тука и нелогичноста во глумењето на власта, дека не и е јасно кои се причините поради кои заминуваат младите од сопствената таковина. Господа од власта, без разлика што се декларирате дека сте демократи, во чекорите кои ги преземате, немате ама баш ништо демократско. Престанете да газите по достоинството на сопствениот народ и иднината на младите, истакна тој.
Comments are closed for this post.