Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски денеска доставил предлог до премиерот Зоран Заев со кој бара политичка одговорност за директорката на Националната агенција, Лидија Димова, по скандалот за ненаменско тршење европски пари. Ова за Канал 5 го изјави Николовски. Заев ќе треба да пресече дали ќе побара оставка или ќе ја разреши Димова.
Денеска доставив до премиерот Зоран Заев мислење со кое предлагам изрекување на една од мерките според етичкиот кодекс. На основа на она што го констаиравме, прекршување на членови од кодексот, сметам дека за Димова треба да има политичка одговорност. Заев треба да одлучи дали ќе побара оставка или разрешување на Димова – рече Николовски.
На новинарско прашање дали Димова ќе биде разрешена и од партијата, Николовски рече дета таа не е член на орган на партијата.
Comments are closed for this post.