Новата ограда за спречување на мигранти на границата меѓу Грција и Турција ќе биде поставена до април, соопшти Кабинетот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Мицотакис ги посети местата во областа Еврос, североисточна Грција и изјави дека работите бргу напредуваат.
Грчката Влада вработува и дополнителни 400 граничари кои ќе бидат распоредени во Еврос и планира да ја зајакне веќе постојната гранична ограда долга десет километри.
Comments are closed for this post.