Регулаторната комисија за енергетика ги известува потрошувачите дека можат да достават приговор до РКЕ доколку добиените сметките за електрична енергија отстапуваат од реалната потрошувачка на струја.
Доколку потрошувачите добијат сметки во кои е фактурирана нереална потрошувачка на електрична енергија, истите може да поднесат претставка до РКЕ. Комисијата за жалби која функционира во рамките на РКЕ ќе им даде приоритет на решавање. Во изминатиов период имаме укажување од потрошувачите дека добиваат високи сметки за електрична енергија за еден месец, а следниот месец добиваат само за улично осветлување. Ние по овие претставки постапуваме веднаш. Дополнително, сакам да потсетам дека потрошувачите имаат можност за контрола на начин што самостојно ќе ги отчитаат броилата по што можат онлајн да ја пријавуваат состојба на броило во ЕВН, со што врз основа на овие податоци за потрошувачката на електрична енергија во висока и ниска тарифа ќе добијат реална фактура за потрошената електрична енергија“, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Во исто време од таа институција ги потсетуваат потрошувачите од категорија домаќинства дека Универзалниот снабдувач односно ЕВН Хоме не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија.
Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН Хоме да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема. Согласно законите, сите потрошувачи имаат право на надоместок на штета поради намалена испорака – испорака на електрична енергија со послаб квалитет од пропишаниот, или прекини во испораката на енергија под услови и начин утврдени во Правилата донесени од РКЕ“, се вели во соопштениеот од Регулаторна.
Comments are closed for this post.