Од името на Македонскиот народен театар, ви благодариме што на ваков убав начин ја отворивме новата театарска сезона во ова време-невреме и ви благодариме за сѐ што правите за нас, обичните граѓани, во борбата со ковидот. Длабок наклон за вас.
Вака актерот Игор Џамбазов синоќа им се заблагодари на здравствените работници што ја проследија претставата „Говорна мана“.
За изведбата на „Говорна мана“, прва претстава во МНТ по пауза од седум месеци поради коронакризната, ги покани лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и од Детската болница во Козле, епидемиолозите и матичните лекари или кои се како што вели МНТ „хероите на ова време“.
„Говорна мана“ е претстава на авторот Горан Марковиќ, а во режија на Драгана Милошевскa-Попов. Во претставата играат Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.
Comments are closed for this post.