Вашингтон денеска соопшти дека нема да испрати претставници на инвестицискиот форум, кој следниот месец се одржува во Кина, со што е нагласено влошувањето на трговските односи помеѓу двете најголеми светски економии.
Потребно е Кина да ги спроведе неопходните реформи, за да престане со своите некоректни постапки, со кои нанесува штета врз светската економија“, изјави неименуван службеник од Амбасадата на САД во Пекинг.
Првиот кинески меѓународен импорт Експо саем ќе биде одржан во Шангај од 5 до 10 ноември, со учество на повеќе од 2.800 компании од 130 земји од светот.
Comments are closed for this post.