Мислам дека треба да покажеме зрелост, пред сè, како политичари, циклусот на локалните избори, посебно делот на изборот на градоначалници, да заврши во еден круг за да не трошиме пари за два круга во онака тешката економска состојба во два круга. Тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони од граѓаните и истите може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децата да можат да следат настава онлајн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Само интервју“.
Мицкоски во своето гостување укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно против една изборна единица и да се менува изборниот модел на неколку месеци пред избори. Според него може сега да се седне и да се разговара за промена на изборниот модел.
Ние може сега да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел. Зошто да не биде пола-пола, да речеме да имаме 60 мнозински изборни единици и една изборна единица која што ќе даде 60 пратеници, зошто да не зборуваме за 120 мнозински“, додаде Мицкоски.
Comments are closed for this post.