Македонската фудбалска репрезентација само три дена после пласманот во бараж финалето за пласман на ЕП не успеа да ја победи една од најслабите европски селекции, па вечерва се спасуваше од голем срам и успеа да се избори за бод (3-3) во Талин против Естонија во третото коло од Ц-дивизијата во Лигата на нации.
Наместо лесна победа, особено откако од ништо стигнавме до водство по урнебесниот автогол на Мартен Куск, успеавме да се доведеме во ситуација да се тресеме и за бод, па дури во 87-та минута од мечот „спасивме“ еден бод, иако и самото реми против селекцијата на Естонија е голем неуспех, особено зашто балтичката селекција во минатите квалификации даде едвај два гола на осум меча, а во оваа сезона во Лига на нации немаше ниту еден во два меча и дочека против Македонија да даде – дури три.
Добро се испотија потоа македонските фудбалери за да избегнат срам, по што капитенот Горан Пандев на десет минути пред крајот нè врати во игра, а Ѓоко Зајков по еден каранбол во 87-та минута со помош на Стефан Спировски израмни, но до крајот иако нападнавме не успеавме да стигнеме до пресврт.
Comments are closed for this post.