Поранешниот премиер и претседател на најголемата опозициска партија, Никола Груевски, по излегувањето од судот, изјави дека на Македонија и треба силно и обединето ВМРО-ДПМНЕ, кое ќе ја победи оваа власт.
Тие потврдија дека во понеделникот ја добиле извршната пресуда, а сега чекаат да биде формиран упатниот акт на кој ќе биде означен датумот, часот и затворот каде Груевски ќе треба да се јави. Адвокатите на Груевски најавија дека ќе бараат одложување на извршувањето на правосилната пресуда, но не посочија што ќе наведат како причина. Според законските одредби, одбраната може да бара вонредно преиспитување на пресудата, што треба да се поднесе во рок од 30 дена од приемот.
Пред влегување во судот за предметот “Титаник“, поранешниот премиер ги одмина новинарите говорејќи на мобилен телефон.
Comments are closed for this post.