Дали во Македонија марихуаната ќе се конзумира за забава во угостителските објекти!? Ова прашање се наметнува откако премиерот Зоран Заев најави отворање дебата за легализација на дрога.
Тој во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, во завиена форма, како да најави дека за да го раздвижи угостителството, ќе ја отвори темата за декриминализација на марихуаната.
Ај да видиме угостителството, зошто кај нас е толку малку учеството на угостителството во БДП, а во европските земји учеството е многу повеќе. Што е тоа што може да привлече. Да ја отвориме дебатата и да видиме, ќе правиме нешто со декриминализација и легализација на марихуана како појдовна основа за зголемување на угостителството – рече Заев во гостувањето на Алсат телевизија.
Тој додаде дека ова го нафрла како тема, но дека тие немале став.
Ние, појасни Заев, сакаме да го слушниме општеството и да ги пуштиме во оптег сите наши ресусрси.
Comments are closed for this post.