Украдениот калиграфски свиток вреден милиони долари е пронајден во Хонгконг пресечен на половина, пренесува Би-би-си.
Крадците го украле свитокот на лидерот на Кинеската комунистичка партија, Мао Це Тунг, минатиот месец кога упаднале во куќата на еден колекционер.
Тие го продале само за дел од вредноста, бидејќи свитокот долг 2,8 метри го пресекле на половина, соопшти полицијата во Хонгконг.
Сопственикот вели дека тоа дефинитивно влијаело на вредноста на уметничкото дело.
Свитокот содржи песни напишани од основачот на Народна Република Кина.
Сопственикот тврди дека вреди 300 милиони долари, но не е јасно како дошол до таа проценка, пишува Би-би-си.
Comments are closed for this post.