Македонскиот народен театар на првата претстава, по паузата поради пандемијата, ги поканува хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари, соопштија оттаму.
Првата претстава што е закажана е „Говорна мана“, на 14 октомври, на Големата сцена од 20 часот. Автор на текстот е Горан Марковиќ, режисер е Драгана Милошевски – Попова, а улогите ги толкуваат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска/Драгана Левенска.
Според репертоарот на МНТ на 16 октомври (петок) повторно е „Говорна мана“, а на 19 октомври е закажан Меѓународниот театарски фестивал Бутринти, проекција на документарниот филм „Идината започнува денес“ (19 часот).
До крајот на месецот има уште четири изведби, две на претставата „Кец на десетка“ (20 и 22 октомври, од 20 часот, Голема сцена) и „Брачна игра“, на 27 и 29 октомври исто така во 20 часот.
Сите овие претстави претходно се играа на Малата сцена на МНТ.
МНТ на својата интернет страница го објави протоколот за работа според препораките на Владата, Министерството за култура и Центарот за јавно здравје Скопје.
Поради протоколите и придржување кон сите мерки и поради сериозната ситуација со Ковид 19, во Националниот театар не се прифакаат приватните настани.
Претставата „Говорна мана“ ќе се одржи на 14 октомври во 20 часот.
Comments are closed for this post.