Владата најверојатно во петок ќе го достави до Собранието нацртот уставни амадмани. Ова е прва фаза од менување на Уставот откако Собранието во петокот ја изгласа потребата за пристапување кон промена на Уставот.
Откако ќе се достават во Собранието амадманите треба да поминат во Законодавно-правната комисија и во Комисијата за уставни прашања.
Важно е да се напомене дека од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена. Според тоа нацрт-амадманите би можеле да бидат ставени на собраниска седница најрано на крајот на јануари. Оваа фаза лесно ќе помине бидејќи се потребни само 61 пратеник.
По утврдувањето за нацрт-амандманите, тие одат на јавна дискусија и потоа повторно се враќаат кај предлагачот и потоа пак во Собранието да бидат усвоени. За одлуката за усвојување на амандманите потребно е двотретинско мнозинство, а за амандманот на преамбулата и бадентерово мнозинство.
Доколку се запазат сите рокови Собранието би можело да ги изгласа уставните измени на почетокот на февруари за да можат да стигнат во грчкиот Парламент кој треба да го изгласа Договорот од Преспа а со тоа и да дозвли Македонија да добие покана за членство во НАТО и да ги почне преговорите со ЕУ.
Засега е непознато што точно ќе содржат уставните измени во кои најзначајниот дел ќе биде импементација на договореното име според Договорот од Преспа, „Република Северна Македонија“. Дали ќе се интервенира секаде пред зборот Македонија да се додаде додавката „Северна“ или пак ќе биде додадена фуснота со објаснување дека новото име на државата е Република Северна Македонија.
Со амадмани ќе се реагира и во грижата за Македонците во странство што веднаш беше протолкувано дека владата сака да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и Грција и од малцинства да ги направи дијаспора иако тоа се целосно различни работи.
Голема врева се очекува да крене и најавата за менување на Преамбулата во Уставот која еднаш веќе беше менувана во 2001 година по воениот конфликт. Речиси е извесно дека ќе се реагира во делот на одлуките на АСНОМ каде се споменуваат деловите во Бугарија и во Грција и ќе треба да се наведе дека АСНОМ се однесува за територијата за денешна Република Македонија.
Comments are closed for this post.