Денеска јадранското крајбрежје е на удар на силно невреме. Најпогодена е далмација. Во Сплит дека ветрот достигнува брзина 90 км на час, во Задар 83 км на час, а во Шибеник 67 км на час. Според хрватските медиуми, крајбрежјето во Каштела е целосно поплавено.
Метеорологот Теа Блажевиќ, вели дека е регистриран јужен ветер со брзина од 108 км на час на островот Ластово, 104 км на час на Вис и 100 км на час на Задар.
Силниот ветар, како што информираат, хрватските медиуми, предизвикуваат бранови на крајбрежјето во Задар со висина од над четири метри. Метеоролозите прогнозираат дека ќе наврнат над 60 литри дожд на метар квадратен, што може да резултира со поројни поплави.
Comments are closed for this post.