Последниот претседател на СРЈ Југославија неколку дена пред да биде симнат од власт на 5 октомври 2000 година го одржа својот последен говор. На него тој кажа некои зборови што од денешна перскектива делуваат пророчки.

Милошевиќ рече дека по неговото заминување фабриките за евтини пари ќе ги земат странци и ќе отпуштаат работници и оти целта на Западот е да постават марионетски влади кои можат лесно да ги раководат и манипулираат.

Судбината на Црна Гора ќе биде препуштена на мафијата а секое противење на мафијата ве става на листата на отстрел без право на помилување. Што се однсува пак на Косово, Република Српска и Македонија ќе бидат претворени во воен полигон на НАТО-предвиде Милошевиќ.

Погледнете го неговиот говор во целина кој датира од пред 20 години.