Таканаречениот викенд без ДДВ за првпат ќе се случи следниот викенд, на 10, 11 и 12 октомври. Тоа всушност ќе биде продолжен викенд кој ќе трае три дена, бидејќи ќе има и еден споен неработен ден поради празникот 11 Октомври.
Иако првенствено не беше така презентиран начинот на кој ќе се одвива, сепак, во привилегиите од овој викенд ќе може да уживаат само корисниците на апликацијата „МојДДВ“, кои ќе купат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари. Повратот на целиот платен ДДВ ќе го добијат назад во рок од неколку дена на своите сметки.
Што можат да купат, каде и по колку? Граѓаните имаат многу нејаснотии. Од Владата за „Фактор“ велат дека ќе има можност за поставување прашања на посебен мејл. Г
енерално за да им биде вратен ДДВ во цел износ ќе мора да купат сè што е македонско – дали храна и каков било производ произведен во Македонија или пак да добијат некаква услуга во домашен дуќан – фризерница на пример. Сепак, ќе им се враќа цел ДДВ и на купен компјутер или лаптоп, на пример, односно сè што е ИТ опрема.
Но, што друго треба да знаат граѓаните и на што ќе треба да внимаваат?
Една од работите што треба да се знае е дека дуќанот од кој што ќе се пазарува, ќе мора да има апарат со фискални сметки, каде што точно е определено што е од македонски производи, а што промет од производи од странство.
Исто така, за да се добие повратот на целиот ДДВ, граѓаните ќе мора фискалната сметка да ја скенираат веднаш, односно само во тие три дена додека важи викендот без ДДВ, а не потоа.
Инаку, како што е познато, за регуларниот поврат на ДДВ, фискалната сметка има рок да се скенира во следните 10 дена откако ќе се пазарува, но за викендот без ДДВ, скенирањето ќе мора да се направи на 10,11 или 12 октомври.
Comments are closed for this post.