На вториот ден од стартот на новата учебна година, ВМРО-ДПМНЕ бара новата министерка за образование да замине од функцијата
ВМРО-ДПМНЕ побара денеска оставка од новата министерка за образование Мила Царовска поради проблемите на стартот на новата учебна година, која претходно беше одложена за еден месец. Според Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ, оставка на Царовска е „очекувана и неминовна“.
„Министерке, давате изјави во кои стартот на учебната година го оценувате како успешен. Жално е добивањето лозинки да го потенцирате како успех од невидени размери во дигитализацијата. А срамно е што сè тоа го кажувате со насмевка на лицето. Имате повеќе од 80 илјади ученици кои немаат услови за следење онлајн-настава, а вие им нудите 15-минутни видеа од наставните часови пред малите екрани. Велите, во овој момент тоа е единственото решение. Не, тоа е само оправдување“,
изјави Митева.
Таа посочува дека има бојкот на онлајн-наставата во повеќе од седум градa, платформата е нефункционална, а целодневна настава сè уште нема.
„За секој еден проблем ја префрлате вината, барате трпение и разбирање. Имате ли критериум и план како понатаму? Доколку не, чесно и доблесно е да признаете дека оставката е повеќе од очекувана и неминовна“,
нагласи Митева.
Comments are closed for this post.