Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, вели премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа.

Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци. Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15. Но апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ, рече Заев одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.