Фондот за иновации продолжува да иновира нови начини за испумпување на пари од државниот буџет за сметка на фирми блиски до власта. Фирмата „Бригада Дизајн“ ДООЕЛ од Скопје во сопственост на советникот во Град Скопје од СДСМ Бојан Ивановиќ и бизнис партнер на Јани Макрадули доби бизнис од 11.800.000 денари од Фондот за иновации, изјави денеска Владимир Нелоски, претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Заев преку Деспотовски дава 11.800.000 денари за агенцијата која ќе треба да организира настани, односно да обезбедува озвучување, папки, пенкала и други пропратни работи за организација на настан.
Ова е бизнис од 11.800.000 денари, односно околу 200.000 евра кој власта на Заев преку Јован Деспотовски му ги додели на Бојан Ивановиќ, бизнис партнерот на Јани Макрадули во фирмата „Смарт Агенда“ и советник во Град Скопје од страна на СДСМ, истакна Нелоски
Тој вели дека Власта се расфрла додека народот нема за леб.
Ова се документите од договорот помеѓу фирмата на Ивановиќ и Фондот за иновации каде директор е Јован Деспотовски од СДСМ. Од истите се гледа дека договорот е склучен на 21.09.2020 година, со рамковна спогодба, без претходно распишан јавен оглас за набавка на бараната услуга. Кои се критериумите по кои била избрана фирмата на Ивановиќ?! Дали неговото партнерство во друг бизнис со Јани Макрадули е фактор за избор на фирмата за оваа голема зделка?! Или пак фактот што истиот е советник во Град Скопје и близок до Петре Шилегов?! Фондот за иновации и Јован Деспотовски мора да одговорат како и зошто е избрана и фаворизирана фирмата на Ивановиќ?! Како токму бизнис партнерот на Јани Макрадули и советник на СДСМ во Градот Скопје е лицето со чија фирма Фондот за иновации склучил договор за организирање на настани од 11.800.000 денари во четири очи?!, прашува Нелоски.
Да, 11.800.000 денари за настани, и тоа во моментот кога во државата имаме 40.000 деца кои не можат да ја следат наставата затоа што немаат компјутер или пак таблет. Кога имаме над 100.000 луѓе кои живеат со 50 денари на ден. Кога 40.000 луѓе се без работа поради коронавирусот. Кога пензионери од руралните делови на државата не можат да ја добијат нивната пензија во домот затоа што Заев пропадна банка. Ова е расипништвото на власта на дело. Од џебот на граѓаните, на сметка на фирмите и функционерите на власта и нивните пријатели, заклучи тој
Comments are closed for this post.