Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Кристиjан Тимоние, амбасадор на Република Франција во нашата држава, кој го завршува својот мандат во земјава.
Премиерот Заев изрази благодарност до амбасадорот Тимоние, за неговата посветена и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата држава.
На состанокот е реафирмиран ставот на францускиот претседател Макрон дека Франција гледа капацитети во Северна Македонија за европските интеграции. При тоа е изразена порака нашата држава да го задржи курсот напред на евроатлантскиот пат.
Покажавме дека имаме капацитети да носиме одлуки со коишто државата оди напред. Станавме членка на НАТО, добивме одлука за почеток на преговорите со ЕУ и ја очекуваме меѓувладината седница за отпочнување на преговорите, ја зацврстивме меѓуетничката кохезија дома, ги развиваме и понатаму добрососедските односи, што го покажа посетата на Атина каде зборувавме за економија и соработка на бизнисите. Сега сме силно посветени на борбата против криминалот и корупцијата и владеењето на правото, што е потребно во европските интеграции, но и за нашите граѓани, кои очекуваат да ги обезбедиме европските стандарди дома, рече премиерот Заев.
На средбата била изразена заедничка согласност дека конструктивноста од страна на сите политички субјекти е важен фактор во развојот на државата, а разговарале и за можностите што се пред двете држави во развојот на билатералната соработка, посебно во економијата, здравството, енергијата и зелената енергија, дигитализацијата и е констатирано дека има услови за интензивирање на соработката, соопштија од Владата.
Comments are closed for this post.