Катар најави нови реформи на пазарот на трудот бидејќи сака да ги смири критиките
околу третманот на печалбарите во периодот пред фудбалскиот куп во 2022 година

Правилата ќе им овозможат на работниците да заземат нови работни места без одобрување на нивите дотогашни работодавци, универзална минимална плата и засиленисистеми за спроведување околу заштитата на трудот  надгледувани одМинистерство за административен развој, труд и социјала.

Измените се дел од обидот да се стави крај на спонзорството на „кафалата“ во земјата
според кој работодавците можат да ја ограничат можноста на странските работници да земаат нови работни места и одржување на престој.

Катар е прва земја во заливот која вооведув трајна, минимална плата за странците и најдобри услови во споредба со соседите.

Работниците  ќе имаат загарантирана плата од најмалку 1.000 катарски ријали (272 УСД) месечно,  сместување и храна во вредност од 500 ријали и 300 ријали.

Работодавците кои на работниците им обезбедуваат храна и сместување
нема да мора да ги плаќаат овие трошоци одделно.

Овој нов закон, заедно со отстранувањето на условите за дозвола за излез претходно
годината, ефективно го расклопува системот за спонзорства на кафала и ги обележува
почеток на нова ера за пазарот на трудот во Катар -се наведува во соопштението

Најновите реформи вклучуваат построги казни заработодавци кои не плаќаат на своите работници или кои не обезбедуваат соодветно
сместување.

Исто така работи на проширување на инспекциите и зајакнување на
постојниот систем за заштита на платите.