Во текот на денеска одложеното рочиште за предметот Меѓународен сојуз, судијката Софче Гаврлиова Ефремова ги информиораше обвинетите и нивните бранители за поднесоците од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал о корупција, доставени до Судот на почетокот на месецов.
Станува збор за материјалните докази заведени под броевите 59, 60, 61 и 62, односно за видео-материјали направени при претресите на домовите и други простории на обвинетите Бојан и Миле Јовановски, Јасна Ерцеговиќ и поранешната пратеничка Фросина Ременски, како и на правното лице Меѓународен сојуз.
Но, одбраната на Ременски забележа дека меѓу доставениот материјал го нема видео-записот од безбедносните камери од домот на поранешната пратеничка.
Оттука се поставува и прашањето каде е видео-записот, што има исклучително значење за натамошниот тек на одбраната на екс-пратеничката Фросина Ременски. Зашто, на минатото роичиште таа пред новинарите изјави дека има докази оти има несовпаѓање меѓу видео-снимките направени од полицијата при доаѓањето за вршење претрес и видео-снмките од домашните безбедносни камери.
Одбраната на Ременски побара и овој видео-запис да биде доставен и до одбраната и до Судот.
Comments are closed for this post.