Претседателот на Кина Си Џипинг официјално го товори 55 километарскиот долг мост, во светот најдолг патен премин преку море. Мостот ги поврзува Хонг Конг со Макао и континентална Кина во време кога Пекинг ја зацврстува власта во бившата британска колонија.

На фотографиите направени неколку часа по официјалното пуштање во употреба на мостот, се гледаше густа магла.

Официјално го прогласувам за отворен мостот Хонк Конг – Џухај – Макао, изјави кинескиот претседател во краткото обраќање на церемонијата во кинескиот град Џухај, во провинцијата Гуангдонг.


Изградбата на мостот траела девет години а трошоците изнесувале приближно 20 милијарди американски долари. Дел од сообраќајницата поминува низ тунел под морето, со што на бродовите им се овозможува непречено да поминуваат низ делтата на Бисерната река, Ѓуѓан, срцето на кинесиот производствен сектор.