Специјалното обвинителство не споделува детали ниту пак се знае кој е обвинет, а кој сведок. Ова е особено интересно ако се знае дека на почетокот на септември и лидерот на ДУИ, Али Ахмети треба да даде исказ пред хашките истражители.

-Ние не кажуваме детали за било што во врска со нашата истрага. Информацијата која вие ја кажувате, мислам дека доаѓа од самиот г-дин Ахмети. Ние немаме споделено никаква информација за секој што се појавил, во која било фаза или со кого било разговарано. Едноставно, ние не споделуваме информации за истрагата. Кога настаните и постапките ќе бидат јавни, тогаш ќе објавиме информации и за тоа. Но, ништо претходно не е за јавност, изјави за Телма Кристофер Бенет, портпарол на косовското специјално обвинителство.