Најавата дека утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го даде мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев не изненади никого. Пендаровски на чело на државата дојде како предлог на СДСМ и беше за очекување токму Заев да ја добие можноста да се обиде да формира Влада.
Но, она што изненадува е што Пендаровски постапува споротивно од она што самиот говореше пред изборите. Тој во една телевизиска емисија рече буквално „кој ќе ми дојде со 61 потпис“ ќе му дадам мандат. Или пак пред неколку недели во интервју за „Фокус“ беше дециден и рече дека ќе му го даде на тој што ќе го увери дека има 61 пратеник.
Се поставува прашањето кои се гаранциите на Зоран Заев за Стево Пендаровски кога лидерот на СДСМ нема 61 пратеник. Пендаровски со своите постапки одработуваше за Заев и за време на вонредната состојба која неколкупати се одложуваше.Тогаш изговор беше справувањето со короната но сите знаеме дека во тој период се донесеа неколку клучни уредби поврзани со изборите.
Експертите се на став дека Пендаровски го крши Уставот и со тоа што доделува мандат без да добие известување од Талат Џафери дека Собранието е целосно конституирано. Познавачите прашуваат ако Соранието е конституирано зошто Џафери во моментов ја има улогата на претседавач а не на претседател на Парламентот.
Професорката Тања Каракамишева објаснува дека постапката за определување мандатар за состав на влада од страна на претседателот на Републиката е во тесна поврзаност со чинот на конституирањето на Собранието на начин како што е тоа предвидено во член 63 од Уставот, но и во согласност со глава 2 од Деловникот на Собранието на Македонија поточно согласно членовите 9 до 28.
Како Пендаровски го определи Заев го определи Заев за мандатар кога нема мнозинство пратеници зад себе како што бара член 90 од Уставот-нагласува Каракамишева за Пресинг ТВ “?
Comments are closed for this post.