Се уште постојат големи и хумани луѓе. Српскиот ММА борец Александар Илиќ реши да го продаде шампионскиот појас за да и помогне на малата Софија Маркуљевиќ. Таа боледува од леукемија и цела Србија се крена да и помогне. Александар се приклучи во кампањата бидејќи смета дека човечкиот живот нема цена.

 

Да и помогнеме на Софија и на нејзините родители кои се борат како лавови во оваа борба која нема лесна и едноставна-напиша Александар