Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека препознал дека разговара со лажна Грета Тунберг, па затоа во разговорот повеќето од времето молчи и ги остава „пранкерите“ да зборуваат.
За разговорот со „пранкерите“, кои се претставувале како позната екоактивистка, во ноември лани кога Заев беше премиер информираа и од Владата, велејќи дека станува збор за хибриден напад, а вчера познатите руски „пранкери“ Вован и Лексус го објавија разговорот на Јутјуб.
Заев денеска даде коментар, нарекувајќи го ова хибриден напад и посочувајќи дека успеале да препознаат дека станува збор за лажен идентитет откако веќе еднаш „наседна“ на ваква измама.
Тогаш објавивме детали, гледате дека во разговорот повеќе од времето молчам затоа што во текот на разговорите тоа го препознавме и останавме да зборуваат комплетно за да можеме веднаш тоа да го објавиме. Го информиравме семејството на Грета да знаат, тие и тогаш имаа официјална реакција колку се згрозени од злоупотребата на идентитетите на славни личности. Сето тоа кажува колку овој нов свет може да биде загрозувачки за државите, граѓаните, градовите, поединците и сл. Дефинитивно треба да бидеме уште повеќе подготвени во општеството. Гледате дека во разговорите јас стојам на нашите државни ставови тогаш кога зборувам официјално и јавно, но она што е важно е што овој обид за манипулација од вакви пранкери беше веќе фатен благодарение на почитување на протоколите што ги воспоставивме после првиот ваков случај што се случи во нашата земја“, рече Заев.
Пред лажното претставување како Грета Тунберг, русите пранкери објавија дека го измамиле и разговарале со Заев претставувајќи се како поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Comments are closed for this post.