Во моментов нема потреба од дополнителен ребаланс на Буџетот. Тој е скроен да одговори на кризата, во кој се вградени мерки за поддршка од трите сета, има скратено непродуктивни трошоци, има реалоцирано средства и да се финансираат дополнителните евентуално зголемени потреби на здравството, да тече непречено социјалната заштита, пензиите, социјалната помош, платите, и секако здравствената заштита.
Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција на кој укажа дека фокусот во следниот период е да се следи реализацијата, да се види како ќе оди, бидејќи се очекува подобрување и оживување во третиот квартал, а доколку има потреба секако може да се преземат дополнителни чекори.
Во моментот тој е скроен да одговори на оваа криза, да одговори на евентуален дополнителен шок и кога разговараме дека се обезбедени средства за непречено извршување на буџетот, разговаравме дека има одреден бафер на дополнителни обезбедени средства, ако треба да се прави до крајот на годината друг ребаланс и понатамошно да се продлабочува дефицитот, појасни министерката.
Оцени дека е постапено одговорно, брзо, дека навремено е спроведен ребаланс, обезбедени се средства до крајот на годината за да може се да се одвива непречено. Подготовени сме, истакна, и за полошо сценарио, но работиме секако за да се случи подоброто.
Може да бидеме сигурни дека средствата се обезбедени и Буџетот може да одговори и на евентуален дополнителен предизвик, бидејќи досега покажавме дека соодветно одговори, на ниво на задачата и ликвидносно со обебездување средства и со креирање ребаланс, со реалокација меѓу буџетски корисници и реалоцирање на 200 милиони евра од Буџетот точно за ковид програмите, рече министерката и додаде дека Буџетот одговори на овој предизвик и е подготвен да одговори и понатаму.
Одговорајќи на прашање за јавниот долг, рече дека тој на крајот на првиот квартал изнесувал 50,7 проценти од БДП, но оти се очекува да се зголеми поради повлекувањата на средствата по основ на потпишани заеми. До крајот на мај беше 53,3 отсто по повлечените средства со потпишаните заеми.
Очекуваме да се зголеми поради големите повлекувња на средства, од ММФ во износ од 176 милиони евра повлечени во април и дополнителни кои се повлечени во јуни од еврообврзницата кои ќе се рефлектираат во вториот квартал. Јавниот долг ќе се зголеми за сите овие износи што се земени, а што ќе се трошат во цела 2020 година, рече министерката.
Потенцира дека податоците се објавуваат редовно, сега е 2 јули и се уште се обработуваат, но оти ќе настојуваат да бидат објавени порано.
Во врска со барање за носење автономна мерка, рече дека таа не може да се донесе во овој момент согласно Избориот законик. Владата секогаш се трудела да излезе во пресрет на бизнис заедницата, ваквото барање е возможно да се донесе по завршување на изборите, смета Ангеловска.
Comments are closed for this post.