Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната листа во Изборна Единица 2, Владо Мисајловски денеска е во посета на Општина Куманово, каде што истакна дека граѓаните се повеќе разочарани бидејќи во Македонија цветаат криминал, корупција, рекети и торби Луј Витон и време е на тоа да се каже доста е и да одговара секој еден што се огрешил.
Мисајловски изјави дека време е еднаш да се смени ова што се случува како во Македонија така и во Куманово кое СДСМ го запостави иако со години го има под своја власт.
– Потребно е едно ново модерно Куманово бидејќи сега тоа е запоставено иако го имаат со децении под нивна контрола. Куманово заслужува многу повеќе, капитални проекти, поголеми плати, овие граѓани заслужуваат подобар живот да останат во Куманово. Во нашата програма има над 1000 проекти, ќе ги поминеме сите населени места, ќе ги слушнеме сите проблеми кои ги има Куманово и утре заеднички тие проекти заеднички ќе ги браниме во Собрание и новата влада. Ние тоа го можеме, го ветуваме и ќе го направиме, потенцираше Мисајловски.
Тој посочи дека СДСМ не знаат да одговорат што направиле, постојано лажат во лице дека нешто е направено, прво беа 500 километри автопат, па 600, за да станат 230 и не знаат да одговорат каде се и тие 230, бидејќи не постојат.
– Ќе ги прашам каде е Клиничкиот центар, бидејќи и за тоа велеа дека е готово во припреми, а да не ги набројувам и другите случаи. Велат дека 95% од програмата е завршена, си поигруваат со нашата интелигенција. Никој не смее повеќе тоа да го дозволи, нагласи Мисајловски
Comments are closed for this post.