По денешното сведочење на Никола Василевски- Нинџа се поставува прашањето дали постои договор меѓу него и Обвинителката во случајот „27 април“, Вилма Рускоска. Нинџа пред десетина дена имал средба со Рускоска и според она што денеска го тврдеше во Судот, многу е веројатно дека е добро подготвен од страна на обвинителката што да говори за овој случај.

Не се  сомневавме дека после извршените консултации  Нинџа ќе излезе со најнова, четврта верзија за случувањата на „27-ми април“, надополнета со нарачки кои после ќе бидат цитирани во јавноста

Трагично е што на ваков начин се уништуваат човечки судбини и луѓе се судат на стотици години робија, само врз основ на исказите на лице со илјадници страни кримнално досие и историјат на лажни сведочења, со цел да ја спаси својата дебела криминална кожа.

Очигледно е дека, овој сведок е „сламката на спасот“ за обвинителството кое сака да осуди луѓе без криминално досие и со блескави кариери.

Јавноста денеска се увери дека консултациите кои неодамна ги имаше  Нинџа соОбвинителството биле тој да  добие помали казни и оти со своите сведочења пикал во затвор невини луѓе. Прави ли Нинџа уште еднаш  “договор со ѓаволот” за да си ја спаси својата кожа?

На денешното рочиште, адвокатот Еленко Миланов, откри декаима информации дека сведокот Александар Василевски – Нинџа кој барал да биде соработник на правда, откако му било одбиено тоа барање и бил внесен во постапка, потоа преговарал со претставници на правдата за добивање на поволности во текот на постапката.“

Ова е дозволено само во фаза пред донесување на обвинителниот акт, но не и кога ќе влезе предметот пред судски совет како независен арбитр, е недозволено-посочи Миланов.