На денешен ден пред 29 години клуб од овие кришта за прв и последен пат стана европски шампион. Во тогашниот куп на шампиони Црвена Звезда го победи Олипик Марсеј на пенали, откако по 120 минути мечот заврши без голови.
На клупата на црвено-белите беше Љупко Петровиќ кој по три децении евоцира спомени. Тој вели дека имале страшен тим составен од играчи од цела Југославија и оти едноставно морал да се случи таков успех.
Тој анализира дека најтежок меч бил против Баерн во полуфиналето а оти во финалниот меч против Марсеј морале да се бранат бидејќи противникот имал силен тим со Папен, Пикси и Водл.
Немавме друг избор освен да се браниме и да чекаме шанса. Кој ќе го задржеше Папен кога Водл и Пеле кога ќе му дадат топка во простор. Затоа одлучив дека нема да биде класичен бункер но оти ќе се браниме. Ги дочекавме пеналите и станавме шампиони со голот на Панчев-раскажува Петровиќ кој денеска има 73 години.
Comments are closed for this post.