Очигледно е дека Зоран Заев е решен да тргне спротивно од волјата на народот. Не беше доволно тоа што лидерите на партиите му порачаа дека сега не е време за избори, сега потврда доаѓа и од тие се најповикани да кажат дали сакаат да излезат на гласање-а тоа се граѓаните.
Дури 74 проценти на анкетата на Институтот “Habeas Corpus” се против брз избори во јуни. Ова несомнено кажува дека граѓаните многу подобро од Заев ја разбираат сериозноста на состојбата и оти не може да се оди на избори кога секојдневно има заразени и починати. Згора на тоа просечните дневни бројки на заразени и мртви се исти ако не и полоши од прогласувањето на првата вонредна состојба од страна на претседателот Пендаровски.
Јасно е дека е лудост да се оди на избори кога можноста да се заразиш на самото гласачко место. Во Македонија има околу 3.000 гласачки места на кои е неопходно во секој момент да има по десетина лица кои го спроведуваат гласањето. 12 часа во денот во просторијата ќе влегуваат гласачи и можноста од зараза се зголемува.
Наивно делуваше објаснувањето на власта дека на избори ќе се оди со маска и дека „малку“ ќе биде тргната кога ќе треба гласачот да биде идентификуван.
Анкетата на “Habeas Corpus” јасно покажа дека граѓаните нема да излезат на гласање со маски и ракавици.
Со овие бројки очигледно е дека Заев сака брзи избори само за спас на фотелјата, бидејќи поразот на изборите кога и да се случат е извесен.
.
Comments are closed for this post.